„Македонија вработува“ ќе ја придвижи економијата во Прилеп

Центарот за вработување – Прилеп од 01.05.2015 година започна со реализација на вработувања по проектот „Македонија вработува“.

Целта на проектот е да се придвижи економијата и да се даде поттикне и забрза вработувањето во приватниот сектор и да се вработат  голем број на невработени лица од различна возрас и со различен статус.

Овој проект е надополнување  на мерката за вработување на млади до 29 години и со него се опфатени сите старосни групи се до пензионирање.

Со овој проект во иминатиов месец во општина Прилеп аплицираа педесет работодавачи  и реализирани се седумдесет вработувања, што претставува една значителна бројка на вработени лица, а истиот тренд се очекува да продолжи и понатаму бидејќи фирмите веќе имаат поднесено оглас за вработување по истиот, истакна директорката на Центарот за вработување, Силвана Пашоска.

Градоначалникот Ристески истакна дека реализацијата на владините мерки  се од голема поддршка и помош како за невработените така и за бизнис секторот.

Преку новиот проект  „Македонија вработува“ ќе се овозможи вработување на невработени лица до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, како и лица од ранливите категории на граѓани, примателите на социјална парична помош, самохраните родители, родителите на 3 или повеќе деца, децата без родители и родителска грижа и родителите на децата со пречки во развојот.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега