„Весел плоштад на зајдисонце“ повторно во Скопје

 Од утре ќе почне реализацијата на манифестацијата ЕДЕН ЧАС ПРЕД СТЕМНУВАЊЕ ВЕСЕЛ ПЛОШТАД – 2015 на Плоштадот Филип 2,  во организација на Детскиот културен центар „Карпош“.

 

 На просторот на Плоштадот Филип 2, со музика, фолклор и други активности наменети за децата, младината и за граѓаните на Скопје ќе се реализира овој проект. Програмата ќе се одржува секој петок и сабота од 19 до 20 часот, во месеците: мај, јуни, јули, септември и октомври.  

 Дел од програмата за месец јуни:

 

05 јуни - Фолклорна група од  КУД „Вапцаров“

06 јуни - Завршен концерт на фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“-Градски парк - кај ШКОЛКА

12,13 јуни - Завршни концерти на танцово-ритмичката секција како Јавен час од  ДКЦ „Карпош“

19 јуни - КУД ЕТНОС- фолклорна група

 20 јуни - Фолклорна група од КУД „Вапцаров“

 26 јуни - КУД ЕТНОСТ - фолклорна група

 

 27 јуни - Фолклорна група од  КУД „Вапцаров“

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега