Четири златни медали за винаријата „Стоби“ на „Вино Љубљана“

Четири сортни вина на македонската винарија „Стоби“ добија златни медали на најстариот вински натпревар во светот „Вино Љубљана“, што се одржа на крајот на минатиот месец во главниот град на Словенија.

На натпреварот, рангиран меѓу 10-те најелитни вински случувања, годинава беа оценувани 358 вина од 21 држава меѓу кои и Јапонија, Уругвај, Нов Зеланд, Аргентина, како и од Македонија. 

Одлуката за наградените ја донесоа 40 критичари од 11 земји, а на „Стоби“ му припаднаа четири први места за „Кабарне совињон 2012“, „Сирах 2011“, „Вранец веритас 2012“ и „Аминта 2013“. 

Винаријата „Стоби“ е основана во 2008 година и годишно произведува околу 4,5 милиони литри македонско вино. Најголемиот дел од виното се пласира на странските пазари меѓу кои и во САД.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега