Истекува рокот за пријавување за учество на јавното наддавање за деловниот простор на АД Славија

Акционерското друштво СЛАВИЈА извоз-увоз Скопје, го продава деловниот простор по пат на електронско јавно наддавање. Предмет на продажба е деловниот простор лоциран во градот Скопје, поточно во населбите Карпош, Кисела Вода, Бутел и Радишани.
Станува збор за 8 (осум) деловни простори со квадратура од 37 м2 до 290 м2 со утврдена проценета пазарна вредност.
Сите заинтересираните физички и правни лица пријава за учество може да подигнат од архивата на АД Славија и по електронски пат од веб страницата www.slavija.mk.
Пријавите со пропратната документација за исполнување на условите за учество на јавното наддавање треба да се достават најдоцна до 07.06.2015 година по електронски пат на интернет страната www.deloven-prostor.mk и во архивата на АД Славија на адреса Бул,, Киро Глигоров,, бр.4 (поранешна Бул Војводина).
Јавното наддавање ќе се оддржи на 11.06.2015 година по електронски пат на следната интеренет страна: www.deloven-prostor.mk.
За подетални информации околу самата ОБЈАВА и тоа што е предмет на продажба може да се види на веб страната http://www.slavija.mk, како и на телефонскиот број +389 2461-930.

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега