"Излегуваше чад, децата плачеа, сликата ужасна" - детали за пожарот во Дебар

Бездомник кој живее во ученичкиот дом во Дебар кој вчера беше целосно пепелосан во голем пожар, бил во последен момент спасен од страна на пожарникарите, од пламените јазици кои беснееле во објектот. Пожарникарите за среќа успеале да го извлечат и да спречат трагедија, но за жал не успеале да го спасат и Домот кој целосно изгоре.

Како што пишува Дневник, пожарот избунвнал во пет часот утрото, а најпрво го забележале нелегалните станари кои сите ги известиле да бегаат, по што била повикана и противпожарна служба. 

И осумчленото семејство Бајрами е сместено овде. За среќа во моментот на пожарот не биле во објектот.

- СОпругата ми е тешко болна, а имам шест деца. Бев принуден да дојдам овде. Го почуствував мирисот на чад, децата плачеа, беше ужасно, раскажува главата на семејството Бајрами за Дневник.

Објектот е исклучен од електрична енергија. Не се исклучува можноста пожарот да настанал од запалена свеќа.

Истрагата е во тек.

Повеќе на ДНЕВНИК

 

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега