Лекарите дадоа се од себе: Каква е состојбата на малолетничката која испи Доместос?

Вистинска драма се одвивала во гостиварско кога 16-годишно девојче во својот дом испило Доместос. По немилиот настан, малолетничката веднаш била пренесена на Ургентен, каде лекарите дале се од себе да ја одржат во живот. Како што пишува ВЕЧЕР, лекарите не знаеле колкава количина Доместос испила тинејџерката бидејќи ја донеле во неконтактибилна состојба. 

Доктор Чабишев од Клиниката за Токсикологија вели дека веднаш биле превземени сите потребни мерки и сега девојчето е во стабилна состојба, надвор од животна опасност.

Засега полицијата истражува дали девојчето само посегнало да си го одзеде животот или можеби некој и го подметнал средството. Детали се уште не се познати.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега