Ќе ѕвони од насмевки, игра и смеа - големо отворање на најзабавниот парк во градот

Аква-паркот во рамки на СЦ „Борис Трајковски“ под полна пареа се подготвува за третатасезона.

На 10-ти јуни, среда, ќе се случува големо отворање на најзабавниот парк во градот, Аква Парк кој е среќа за сите големи и мали.

Големата After School Party ќе се случува во среда,  10-ти јуни, точно на пладне, каде што ќе Ѕвони од насмевки, џагор, смеа, забава и мнооогу изненадувања. Сите правци ќе водат кон местото  кое во текот на целото лето ќе лади и освежува, забавува и изненадува.

Посетителите и оваа сезона ќе можат да користат некој од десетте тобогани односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река.Аква-паркот ќе работи секој ден од 10 до 20 часот. За безбедноста на посетителите и годинава ќе се грижат 36 спасувачи од Црвен крст.

Билет за Аква Парк ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под 4 години е бесплатна. За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30%.

Во рамки на аква-паркот ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.

 

10 јуни, точно на пладне, сите правци ќе водат кон Аква паркот во Спортскиот Центар Борис Трајковски на After School Party.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега