Страв од избори: Обвинителството отворило постапка за Заев минатиот четврток - СДСМ лаже дека тоа се случило вчера

Наспроти тврдењата на соросовите луѓе и експонентите на СДСМ дека токму вчера, само неколку дена по договорот со Хан, Обвинителството отворило постапка за Заев, што тие го толкуваат како притисок и некоректен потег на власта за заплашување и уцена на лидерот на СДСМ во фаза на преговори и разговори пред постигнување на конечно решение за излез од кризата, дознаваме дека се работи за манипулација и лага.

zaev-obvinitelstvo-500

 Не вчера, туку уште во четвртокот минатата недела, односно 5 дена пред средбата во вторникот со Хан, обвинителството отворило случај во врска со Заев.

СДСМ знаеле и биле добро информирани за ова, но сега решија да го искористат моментот за да го срушат договорот поради страв од избори. Нивниот најголем страв се изборите, сценарио кое опозициската СДСМ не го посакува бидејќи и тие се свесни за слабата поддршка од народот.

Љубомир Фрчковски беше првиот кој сакаше да ја протне лагата за одлуката на обвинителството. Тој во колумна напиша дека покревањето на обвинение е уцена за Заев која доаѓа како форма на притисок пред конечните разговори во Брисел што треба да се случат на 10 ти. Тој пишува”Со чинот на качење обвинувања на Зоран Заев  воочи најавените термини за решавање на кризата во Брисел на 10-ти јуни власта го прави чекорот на конечно рушење на преговорите со, за нив единствено познатиот стил на раководење, бескурпулозен притисок и уцена како вовед во „договарањето“!

Но вистината е поинаква, освен тоа што обвинителството решава самостојно за својата работа,  тоа отворило случај за Заев дури пред 8 дена, пред разговорите со Хан и далеку пред да се постигне било каков договор. Она што станува видливо е дека на секој можен начин СОРОС и поддржувачите и перјаниците на СДСМ сакаат да минираат постигнување на договор, плашејќи се од избори.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа