Исчезна жена од Кисела Вода - полицијата трага по две лица

 

Две лица биле пријавени за исчезнати во полициска станица во текот на вчерашниот ден. Во првиот случај, ЈУЗС-Демир Капија пријавиле во полиција дека во 3 часот и 30 минути од установата во непознат правец се оддалечил нивниот штитеник, 52-годишниот  С.И. од селото Младо Нагоричане, кумановско.

 Исто така, синоќа во полиција се јавил и 32-годишниот Б.А. од Кисела Вода и пројавил дека околу 18 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга, 21-годишната С.А.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега