Среде бел ден го нападнал со штрафцигер - пензионер преживеа хорор

Во Полициската станица Тетово, вчера околу 17 часот, 76-годишниот Љ.Р. од селото Мала Речица пријавил дека околу 11 часот и 30 минути, на паркинг простор „Арабати Баба Теќе“ го имал паркирано својот автомобил „Ауди А-4“ со тетовски регистарски ознаки. Она што следувало кога се вратил на паркингот било шок за него.

Според податоците од полицијата, кога несреќниот маж се вратил до возилото, внатре во него затекнал непознато лице кое во моментот го извадило радио касетофонот, а кога го запрашал што прави, му рекол да не вика ако сака да живее. Кога старецот сакал да го задржи крадецот и да повика полиција, истиот го турнал, го оставил радио касетофонот, успеал да ја отвори вратата од возилото, излегол и со штрафцигер му задал удар во пределот на левата рака, по што му нанел расекотина, а со другата рака го удрил со тупаници и се упатил во непознат правец.

Полицијата изврши увид на местото на настанот и презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа