Прилеп: 3.000 земјоделци се пријавиле за субвенции

Околу 3.000 земјоделци од Прилепско досега го пријавиле своето растително и сточарско производство за субвенции од државата за годинава, соопштија од подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп.

Рокот за пријавување за субвенции е продолжен до крајот на јуни.

Според Коста Дурланов, раководител на подрачната единица останува да аплицираат уште околу 900 производители.

- До крајот на јуни очекуваме уште околу 900 апликанти за субвенции од растително и сточарско производство со што бројката на пријавени за годинава ќе се доближи до 4.000. Од досега пријавените околу 3.000 апликанти, половината се за растителното производство – тутун, житни и градинарски култури и исто толку за сточарското производство. Рокот е продолжен до 30 јуни и се надеваме дека останатите нема да се пријавуваат кон крајот на месецов за да не се создаде нова навалица, вели Дурланов.

Во тек е расадување на тутунот кој во регионот ќе биде засаден на околу 12.000 хектари.

Во меѓувреме, до 15 јуни е рокот за пријавување субвенции за млекото произведено од јануари до април оваа година. Своето производство досега го пријавиле околу 400 производители на кравјо и овчо млеко и во подрачната единица на Министерството за земјоделство, надлежна за Прилеп, Долнени и Кривогаштани, вкупно за субвенции производителите ќе пријават околу 1.500 тони кравјо и овчо млеко за периодот јануари-април годинава.

 

 

Оцени ја веста

05.06.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега