Трагедија: Младо момче од Делчево почина во бизарна несреќа

Во текот на вчерашниот ден околу 13 часот и 30 минути на местото Киселица, на планината Огражден, се случила голема трагедија. Според податоците од полицијата, 21-годишниот Дарко Т. од Делчево кој управувал трактор во кој имал 16 годишен сопатник од Василево, движејќи се по шумски пат, изгубил контрола откако во еден момент предното лево тркало им излегло од лежиштето. Откако стапиле во контакт со сопственикот на тракторот тој им посочил да го остават тракторот и да тргнат пеш за „Палазлија“ од каде ќе ги земел со возило, не го послушале и продолжиле со тракторот. Дарко Т. за жал изгубил контрола, се превртел со тракторот и бил пригмечен од кабината во пределот на градниот кош, при што починал на лице место.

Полицијата изврши увид.

 

 

Оцени ја веста

06.06.2015 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега