Маж загина во сообраќајка - страшна слика кај Миладиновци

Околу еден часот по полноќ утрово на автопатот Велес-Куманово, кај Миладиновци, се случила страотна сообраќајна незгода. Според податоците од полциијата, возило марка Матиз со кумановска регистрација се превртело од патот. Со тешки телесни повреди се здобил 61-годишниот Душко Р. од Крива Паланка кој веднаш бил префрлен во болница, но за жал околу 2 часот им подлегнал на повредите.

Со тешки повреди се здобиле и 59-годишниот возач Б.Н. и неговата 58-годишна сопатничка С.Р.

Полицијата извршила увид.

 

 

 

Оцени ја веста

07.06.2015 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега