Политичкото делување на Заев изгуби секаква смисла
Опозицискиот лидер Зоран Заев секојдневно се закопува во тотално нереални позиции и барања, однесувајќи се крајно неконструктивно и деструктивно, поради што целото негово политичко делување веќе изгуби секаква смисла, коментираат експертите.
Првиот човек на македонската опозиција очигледно ја злоупотребува конструктивноста и отвореноста на ВМРО-ДПМНЕ и дополнително ја усложнува ситуацијата за излез од политчката криза. Со својата непостојаност и беспоговорно следење на наредбите на една група на лица кои се познати по антидржавно делување базирано на деструкција и лични комплекси - Љубомир Фрчкоски, Бранко Героски, Сашо Орданоски и првиот човек на соросовата фондција во земјава Владимир Милчин, Заев освен што дополнително се бламира себеси и партијата, со врзани очи си игра покер ставајќи ја во залог целата држава.
Токму поради ова, експертите изминативе денови отворено го поставија прашњето кој е лидер на опозицијата, дали Зоран Заев или пак најтесната соросова клика предводена од Милчин, Фрчкоски и Героски. Новинарот Цветин Чилиманов вели дека откако беше потпишан договорoт во вторникот, стана јасно дека Фрчкоски е движечката сила во СДСМ, веднаш даде 10 интервјуа на нивните портали и го саботираше договорот. Според политичкиот аналитичар Александар Пандов, токму перјаниците на СОРОС се лидери на опозицијата, кои на сето ова освен комичен му даваат и драмски тек.
-Заев е во страшен хаос и превзема обврски со кои не може да се носи. Поради неговата некапацитетност и неинвентивност сега не е он лидер на опозицијата, лидери се перјаницата на СОРОС, Геровски, Ордановски, Фрчковски. Заев дополнително влезе во зделки со поранешни удбаши, со разни агентурни мрежи, но за сето тоа он има и кривични пријави, вели Пандов.
Според познавачите, токму од неговата конфузност и напорите слепо да ги следи насоките од малата група на нереализирани личности кои крајно неодговорно и штетно бандитски делуваат, притоа држејќи ја во заложништво целата држава и сите граѓани, Заев покажува и немање сопствена визија и храброст да донесе одлука за доброто на граѓаните и дрзавата.
Конструктивноста на владејачката ВМРО-ДПМНЕ сите ја гледаат и на граѓаните им се јасни сите отстапки и чекори досега направени како конкретен придонес за излез од кризата. Тоа што секој ден под влијание на соросовите самопрогласени експерти околу него испорачува по некое ново барање и дополнително ги радикализира своите позиции мислејќи дека си ги подобрува преговарачките позиции, притоа не сфаќајќи дека таквите потези го носеа од грешка во грешка, опозицискиот лидер само покажува неспремност да се носи со предизвици и да делува со одговорност кон граѓаните.
Неговите постојани закани со тврди позиции од типот “влада без Груевски“ како и некои нови бомби кои ги најави вчера мислејќи дека во пресрет на средбата во Брисел тоа ќе му помогне во преговорите, секако и ова како совет на бандитската клика околу него, според експертите само ја покажуваат неговата човечка слабост и немањето капацитет да се носи со предизвиците.
Граѓаните многу пати дсега покажаа дека веќе им е преку глава од оваа политичка агонија која Заев се обидува да ја креира и не за џабе поддршката посебно во последниве 4 недели засилено му слабее.
Според експертите, сите прогнози и испитувања покажуваат дека разликите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се повеќе се зголемуваат во полза на владејачката партија. Тие додаваат дека навистина никој воопшто не му се плаши од “бомбите“, посебно ако се земе предвид дека веќе 5 месеци “бомбардира“ за на крај со своите постапки јасно да покаже пред целата јавност дека опозицијата се плаши од избори и сочување со волјата на граѓаните.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа