Неколку скопски населби утре без струја

 

Од 8:30 до 15:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „157“, „149“, „152“, „146“, „151“, „Аврам Писевски“ и „Бис“ во општина Гази Баба. 

Во периодот од 11 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Ѓорѓи Динката“, „Скендер Бег- Кастриот“ и „Иван Хаџиниколов“ во општина Кисела Вода.

Без електрична енергија од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисниците од селата Љубош и Батинци во општина Студеничани. 

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат  дел од корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ од број 30 до број 60, парни броеви во општина Карпош.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во електро системот.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега