Немаше крај на мојата среќа кога и го слушнав гласот- Господ ги слушна молитвите на мајката на Кристина

Исчезнатата Србинка Кристина Фенјсароши, и се јавила на мајка и од болница, да и каже дека е жива.

Кристина исчезна во почетокот на јуни во Лондон. Таа таму работела во хотелот „Ројал гранд“. Едно утро кога со метро одела на работа од станот во кој била сместена заедно со Стефани, исчезнала.

По неуспешната потрага, дваесет годишната девојка и се јави на мајка и од болница да и каже дека е жива.

„Немаше крај на мојата среќа кога и го слушнав гласот. Ми кажа дека е жива и дека се наоѓа во болница“, изјави мајка и, но не и кажала каде била тие неколку денови.

Блиски извори до Кристина, за српските медиуми велат, дека таа не е добра, дека зборува неповрзани работи и дека не кажува што точно и се случило. Сакала само да се врати дома.

Од станот во кој била сместена ги немало нејзиниот пасош и таблет, иако таа никогаш не ги носела со себе за да не ги загуби.

Деновиве се очекува Кристина да се врати дома.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега