Лажни изнајмувачи на апартмани кружат на Интернет

Ако сместувањето во Хрватска го плаќате по пат на популарните букинг портали бидете внимателни, бидејќи се повеќе изнајмувачи ги виделе сопствените апартмани на неколку портали и тоа под лажно име, предупредува хрватски „РТЛ“.

Забележани се и неколку случаи каде гостите дошле до апартман кој однапред го платиле на измамник, а не на изнајмувачот.

Ермано Першиќ од Брсеќа непријатно се изненадил кога огласот за својот апартман го нашол на неколку други интернет страници под друго име.

– Идентични фотографии, идентичен текст. Фотографиите кои јас ги снимав, текстот кој јас го напишав, цените кои сам ги ставив – рече Першиќ.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега