Тетово: Повредени двајца браќа

Двајца браќа од Тетово се повредени со нож од нивен познаник во тепачка што се случила синоќа околу 19 часот кај угостителскиот објект „Биби“ на ул. „Илинденска“ во Тетово.

Во тепачката, на која и претходела вербална расправија, најпрво Н.М. кој бил заедно со неговиот брат Е.М. и уште едно лице  станал од масата и со тупаница го удрил М.Д.(31), нивен познаник. М.Д. набрзо излегол од објектот, а потоа повторно се вратил и ги повикал тројцата да излезат за да се пресметаат. Тепачката продолжила надвор, при што М.Д. употребил кујнски нож со кој на двајцата браќа, Е.М. и Н.М. им нанел повеќе расекотини и убодни рани во пределот на телото. Повредените биле пренесени во Тетовската клиничка болница,  од каде итно се префрлени во Ургентниот Центар во Скопје, а М.Д. е пренесен  и задржан за лекување во тетовската болница, иформираат од МВР.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото на настанот а пронајден е и подигнат ножот и е предаден за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега