Шешељ: Туморот нема да ме победи

Воислав Шешељ, лидерот на СРС, вели дека се уште не ги добил резултатите од биопсијата за израстоците на лицето и главата, и дека не знае дали станува збор за тумор и дали е малиген. 

Иако неговиот лекар Милован Бојиќ вели дека лидетрот на радикалите е многу лошо, и дека мора да биде под лекасрки надзор, Шешељ вели дека за нијанса е подобар бидејќи сега може да јаде. Резултатите од биопсијата се уште ја чека, но се труди што помалку да размислува за тоа. 

- Чекам резултати од интервенцијата која ја имав направено на лицето, но дали бил тумор или не, тоа мене нема да ме спречи и понатаму да се занимавам со политика. Ќе се борам и туморот нема да ме победи, вели Шешељ. 

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега