Работни средби на Градот Скопје и општина Сарај

 

Општина Сарај беше денешната дестинација на посети на Градот Скопје во рамки на 12-от циклус посети на скопските општини. На средбата присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и Сарај, Коце Трајановски и Беким Мурати.

- Ова е редовна средба на која треба да се изнесат сите проблеми на жителите на Сарај и со заеднички напори да бидат надминати. Соработката помеѓу Општина Сарај и Град Скопје е одлична и се одвива на сите нивоа, што се гледа преку големиот број заеднички реализирани проекти, рече градоначалникот на Сарај.

Градоначалникот Трајановски се осврна на проектите кои се реализирани изминатиов период, како и на проектите што треба да се реализираат на територијата на Општина Сарај оваа и наредната година.

- Годинава, како и во минатите години ќе реконструираме една од главните улици во Општина Сарај, односно ќе се реконструира главната улица во Кондово. За наредната година се работат проекти за целосна реконструкција на главната улица во Сарај, истакна градоначалникот Трајановски.

 

 

Оцени ја веста

08.06.2015 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега