ВИДЕО: И Перински со поддршка за „Чуварите на демократијата“
Поддршка на „Чуварите на демократијата“ денеска даде и Златко Перински, управител на Спортскиот центар Борис Трајковски. Тој ја поздрави иницијативата и целиот вложен труд.
Од кампот спроти Собранието на РМ, истакна дека никогаш во историјата на Македонија немало толку проекти и инвестиции во спортската инфраструктура.
-Работиме и ќе продолжиме да работиме. Спортските пакети и спортските производи кои што ги продуцира СЦ „Борис Трајковски“ ќе ви бидат уште подостапни, тоа можам да ви го ветам на сите и се надеваме дека во некој скора иднина ќе излеземе и со нови сали и нови содржини, кои дополнително ќе ги мотивираат младите луѓе да спортуваат, истакна Перински.
Минатата година во „Борис Трајковски“ имало 670 илјади директни посети.
-Тоа е импозантна бројка и може да ни завидат многу европски па и светски арени, рече управителот на СЦБТ.
На 10-ти овој месец, односно во среда, започнува со работа аква паркот, потсети Перински и ги повика сите да дојдат.
-Имаме 13 спортски содржини, надополнети со уште една која минатата недела ја отворивме заедно со премиерот Никола Груевки и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски, а тоа се 4-те тениски терени. На некој начин скоро и да не постои спортска содржина која не е опфатена во СЦБТ.
Целиот говор на Перински од кампот на „Чуварите на демократијата“ погледнете го во видеото.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа