Ципрас: Можен е договор доколку кредиторите се откажат од намалување на пензиите

Грција може да постигне спогодба со своите меѓународни кредитори доколку тие се откажат од барањата, вклучувајќи го и намалувањето на пензиите, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за денешниот број на весникот „Кориере дала сера“. 

Ципрас забележа дека двете страни во следните неколку дена можат да најдат компромис за сите клучни елементи од спогодбата, вклучувајќи ја и висината на првичниот буџетски суфицит, забележаа британските медиуми. Тој, меѓутоа, не покажа знаци дека ќе ги намали пензиите или другите социјални трошоци, повторувајќи ги коментарите од последните неколку дена.

„Мислам дека сме многу блиску до спогодба за првичниот буџетски суфицит за следните неколку години“, посочи тој за весникот.

Според него, треба да има позитивен однос кон алтернативните предлози што се однесуваат на намалување на пензиите или на наметнување кризни мерки.

Коментарите на Ципрас се дадени на одгласите за искажаните предупредувања од германскиот канцелар Ангела Меркел и претставниците на Европската централна банка, дека времето за Грција брзо истекува.

Ципрас утре треба да се сретне со Меркел и со францускиот претседател Оланд за да се обидат да ја надминат безизлезната ситуација која ги роди стравувањата дека Грција може да биде избркана од еврозоната, а последиците од тоа за единствената европска валута и за светската економија се непредвидливи.

Откако минатата недела ги отфрли како „апсурдни“ последните предлози од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) левичарската грчка Влада даде сигнали дека е подготвена на компромис, но и натаму ги отфрла мерките за штедење.

„Не можеме да продолжиме со програма која очигледно покажува неуспех“, изјави Ципрас.

Долготрајниот безизлез ги засили шпекулациите дека европските партнери на Грција можат да дозволат таа да биде избркана од еврозоната, а тие сметаат на серија внимателни мерки кои беа изградени во последните години за да се ограничи ширењето на непосакуваните последици.

„Тоа би бил почеток на крајот на еврозоната“, изјави Ципрас.

Доколку Грција не успее, пазарите под итно ќе почнат да го бараат следниот. Ако преговорите не успеат, цената за европските даночни обврзници ќе биде огромна, подвлече тој за „Кориере дела сера“.

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега