Парите си ги ставал во џеб - поштар падна во рацете на македонската полиција

Гевгелијската полиција поднесе кривична пријава против 44-годишниот Б.Б. од Гевгелија, поштар во АД „Македонска пошта“ подружница Гевгелија, за седум кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“, четири кривични дела „послужување во службата“, две „проневера во службата“  и едно дело „затајување“. 

Во периодот од 2013 до јануари 2015 година, пријавениот во службените простории на поштата незаконски се послужувал и присвојувал парични средства од повеќе лица кои ги уплаќале паричните средства и тоа во два наврати од две лица во износ од 89.359 денари кои требало да ги уплати на нивните штедни книшки ги присвоил за себе, а потоа внел невистинити податоци во книшките.

Исто така, во повеќе наврати од други лица кои уплаќале парични средства за сметки паричните средства ги присвојувал за себе, притоа фалсификувајќи ги потписите во уплатниците.

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега