Започнува ИЕДЦ натпреварот во бизнис студија на случај 2015

Денес започнува дводневниот натпревар во бизнис студија на случај 2015 во организација на ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент

Натпреварот во бизнис студија на случај има за цел промовирање на бизнис образованието и конкурентноста на компаниите, а е од огромна важност за секоја компанија која има за цел да остане на врвот на бизнисот и цели кон постојано унапредување на сопствените вработени и менаџери да се едуцираат и стекнат нови вештини и знаења да се развијат во препознатливи бизнис лидери.

Овој натпревар се организира 3та година по ред, а овогодишни учесници се шестчлени тимови кои ги претставуваат компаниите ОНЕ, Кроација осигурување, НЛБ Тутунска банка, Адриатик група, како и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Натпреварот се состои од бизнис случај кој се анализра и потоа се прави презентација на предлог решение. Бизнис случајот е избран од страна на комисија која одлучува и за победник на натпреварот. Натпреварот за бизнис студија на случај секогаш се занимава со реални компании и со реални проблеми или предизвици.

Целта на овој натпревар е зајакнување тимскиот дух во самите компании, поттикнување на нивната иновативност, како и да им се помогне на вработените да изнајдат сопствени креативни и иновативни решенија за актуелните бизнис предизвици.

Ментор на целата оваа активност е реномираниот професор и декан за образование на  Менаџмент институот Jack Welch од универзитетот Strayer, Дани Спиро, од кого тимовите ќе имаат можност да добијат корисни совети и препораки при анализирањето и решавањето на бизнис случајот.

Тимовите имаат време од 24 часа да се подготват за презентација и креативно решение за дадениот проблем. Исто така имаат шанса за пробна презентација и со повратни информации и совети од членовите на комисијата се дозволени уште неколку часа за финална презентација пред да се прогласи победникот.

Наградата за победничкиот тим е учество на еден од изборните МБА курсеви во ИЕДЦ-Блед школа за менаџмент. Победниците ќе ги измерат силите против победничките тимови од другите држави во Глобалниот натпревар на ИЕДЦ за студии на случај (Хрватска, земјата во која пред шест години се роди целата идеја, Словенија, Србија, Молдавија, Бугарија и Романија). Тимот кој ќе победи на својата земја, исто така, добива право да се квалификуваа и за Глобалната Студија на случај.

Наградата за победничкиот тим во нашата земја ќе ја додели Н.Е. Бранко Раковец, Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија.

 

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на 072/222-041

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега