Од судбината на Ана ќе ви се заледи крвта: Ја изгладнувале, ја силувале, а имала само 10 години

Трговијата со луѓе е еден од најужасните злосторства. Трагичните судбини на жртвите запишани се во полисиските извештаи. Мајката на 11-годишната Ана е проститутка, ја родила во Босна и Херцеговина, но што е најлошо што   знае кој е нејзиниот татко. Бебето не го сакала па го оставила веднаш по породувањето. За Ана почнала да се грижи нејзината баба, но таа почнала да ја занемарува  ја хранела само колку за да може да преживее, пишува express.hr.

Но нејзината баба и беше единствената роднина која ја имала на овој свет. Таа растела во сиромаштија која ја натерала да проси. Како што растела Ана, станала и убава девојка, па нејзината баба благодарение на неа почнала добро да заработува. 

Луѓето многу го сакале милото лице на Ана па секогаш и давала по некоја пара.... Но, таа не просела само....

- За нас бабата и Ана беа странци кои во Хрватска ги затекнавме. Девојчето беше речиси неписмено, но многу интелегентна и преубава, раскажува истражувачот кој ја затекна додека Ана просела.. Таа кога ме виде како да здивна, како да си рече дојде крајот на моите маки. Не поради просењето туку поради она што психолозите подоцна го откриле. 

Повеќе од година дена Ана била заробена, изгладнувана, тепана, силувана. Има помалку од 10 години, тоа не го кажала на лекарите. Таа ги нацртала своите страдања. Бабата која подоцна ја протерале од Хрватска, морала да знае какво злосторство и направиле на нејзината внука, но никако не реагирала како да била свесна за се што и се случувало на девојчето. 

- На неа и било важно само таа да проси  и да и носи пари, раскажува истражувачот

Босанската полиција на злосторниците се уште не им влегла во траг. Бабата, за жал никого не издала, ја вратиле во Босна но без својата внука.

За Ана сега се грижи семејство кое ќе се грижи девојчето да има барем малку безгрижно детство, и семејство кое ќе се обиде да и ги избрише лошите денови и мигови поминати со злосторниците. 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега