Малолетнички спијат со постари мажи само за да имаат пари за кафе

Како што пишува српски Блиц, неколку ученички од средните училишта поради сиромаштијата се принудени да си го продаваат своето тело дури и за пет евра. Малолетничките кај овие мажи, кои најчесто од нив се постари и по 20 30 години  доаѓаат секојдневно и за сексуални услуги добиваат пари, а тие пари ги трошат на излегување во кафулиња, кредит за мобилен телефон, цигари, појадок...

Екипата на "Блиц" разговарала со еден 60-годишен маж, бизнисмен од Ниш, кој веќе година и половина, како што тој вели, "се гледа" со 17-годишна девојка од околината на Ниш. Тој е добро облечен, но не е воодушевен да разговара на оваа тема.

-Ама тоа не е ништо ново. Не знам зошто воопшто сакаш да пишуваш за тоа, се обидува да ги премисли новинарите.

Мажот на крајот се согласува да зборува, но не гледа или не сака да види дека е активен учесник во класична проституција со малолетнички. За се раскажува отворено. Без поголем анелагодност тврди дека "тинејџерката самата сака" и дека "не ја принудувал" и дека "таа го пронашла него".

-Морам да и дадам малку пари за да има како и нејзините другарки. Обично дневно и давам по 500 динари кои таа ги троши на пијалок, за кредит за мобилниот, да си купи тоа што и треба. Месечно на неа трошам по 15 илјади динари. Живее во едно село покрај Ниш, па убаво и е да доаѓа во мојот стан во центарот на градот. Кај мене го минува времето кога губи часови. Си игра на компјутер, слуша музика, ги кани пријателките да пијат кафе, вели бизнисменот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.06.2015 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега