Земјотрес ја стресе Грција

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа по полноќ во регионот меѓу островите Касос и Крит, во јужна Грција, соопшти атинскиот Сеизмолошки институт, пренесе МИА.

Земјотресот бил почувствуван во неколку региони на островот Касос, а исто така и на југоисточното крајбрежје на Крит. Епицентарот се наоѓал во морето на 29 километри југозападно од Касос, на длабочина од десет километри. 

Во истиот регион пред половина час имало вторични потреси со интензитет од 2,5, односно 3,1 степени. Засега не информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега