Исчезнал: 17 годишниот Стефан скокнал во река и исчезнал

17 годишно момче од Осјек, Хрватска  вчера скокнал од висечкиот мост на реката Драва и исчезнал во водите на реката. На плажата на реката ги оставил своите алишта и телефонот и влегол да се искапе.
17 годишниот Стефан бил штитеник на локалниот дом за деца без родители. Со него биле уште 4 деца.
Целата приказна е проследена со доза на мистерија, бидејќи дел од децата рекле дека Стефан заминал со девојки, а останатите дека не испливал од водата. Чудно е и што случајот го пријавиле во домот дури вечерта, неколку часа откако Стефан како што рекле исчезнал во водите.

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега