За инцидентите на протестот на СДСМ Бошко Црвен од Скопје доби 2 години и 4 месеци затвор
Затворска казна од 2 години и 4 месеци пресуди скопскиот кривичен суд за Бошко Јосимовски викан Црвен за учеството на протестите на СДСМ на 5 мај пред Владата во Скопје. Покрај него, уште едно лице доби условна затворска казна. Бошко Црвен и претходно и бил познат на полицијата. Според информациите против него имало поднесено над 40 кривични пријави од кои 15 се за разбојништво, 9 за тешки кражби насилства и убиство во обид, а имал и 16 прекршочни пријави и подолг период одлежувал затворска казна.
За инцидентите на протестите на СДСМ во кои беа повредени над 30 полицајци, 14 лица добија условни а 3 ефкетивни затворски казни.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа