Неверојатна лага на коцкар од гостиварско

 

Дваесет и петгодишниот Б.И. од гостиварското село Србиново, вчера пријавил дека околу 16 часот и 45 минути на улица „Боге Велјановски“ во Гостивар физички бил нападнат од две непознати лица, кои со нож му нанеле убодна рана на левата надлактица и три расекотини на десната надлактица.

Веднаш потоа, според неговото кажување, тие го собориле  и од левиот џеб во панталоните му одзеле 50 илјади денари во апоени од 1000 денари, а потоа избегале.

Меѓутоа, за кусо време полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар ги расветлиле сите поединости поврзани со пријавеното и утврдено е дека Б.И. целосно ја измислил приказната и дека го фингирал случајот.

-Непосредно пред тоа, тој подигнал банкарски кредит во износ од 50 илјади денари, кои подоцна до последен денар ги потрошил во едно гостиварско казино, а потоа најверојатно со клинец се самоповредил на рацете и пријавил дека бил нападнат, односно дека бил цел на разбојници, информираат од полицијата.

По приведувањето и задржувањето, во координација со јавен обвинител, тој ќе се соочи со соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега