Сообраќаен хорор кај Штип - едно лице повредено

 

Едно лице е полесно повредено во сообрќајна незгода што се случи попладнево околу 15 часот, кај клучката за локалниот пат кон штипската населба Три чешми.

До несреќата дошло откако повредениот кој управувал со автомобил „Мерцедес“, изгубил контрола и возилото се превртело. Неговите тројца другари поминале без повреди.

Според очевидци, момчињата биле малолетници, а повредениот со Брза помош е однесен во болница.

Портпаролот на  СВР-Штип Гордана Панајотова изјави дека не можат да дадат пококретни информации додека не заврши увидот на несреќата.

Не потврди дали станува збор за тинејџери кои без да знаат родителите го земале возилото и го уравувале без дозвола.

Ова е втора сообраќајна несреќа за само еден месец на истото место на излезот од Штип.

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега