Заев ја држи во заложништво цела држава заради страв од избори

Лидерот на СДСМ со сите сили се обидува во Брисел да не биде постигнат договор.

Зоран Заев се плаши од избори и од казна од народот кој не го поддржа неговото црно сценарио за Република Македонија.

Во повеќечасовната средба меѓу лидерите на македонските партии со еврокомесарот Хан, Заев ги вложува сите напори да го избегне договорот.

Дипломати брифираат дека лидерот на СДСМ на средбата манифестира дрскост и покажува нелогичен однос кој на моменти делува нецивилизирано и несериозно. Причина за ваквото однесување на Заев е страв од избори кои би се случиле следната година бидејќи му е сосема јасно дека на истите ќе добие уште еден црвен картон од македонскиот народ.

Со ваквото однесување во обид да избегне избори, Зоран Заев ја држи во заложништво целата држава и народ.

За потсетување, Заев прво го откажа своето присуство на преговорите за надминување на политичката криза, па се предомисли и сепак отпатува во Брисел.

За тоа колку на СДСМ не му одговараат избори, докажуваат и опозициските портали во своите текстови. Платениците на СОРОС се уплашени од идејата за предвремени избори и свесни дека политичката опција која ја застапуваат ќе доживее уште еден дебакл на соочувањето со волјата на граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

10.06.2015 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега