Хан: Многу сум разочаран од недостатокот на одговорност од некого

Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, го изрази своето големо разочарување што по 12-часовно преговарање, лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги урна преговорите за решавање на политичката криза во Република Македонија. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, Хан го постираше следното:
- Нема конечен договор на разговорите за БЈР Македонија. Многу сум разочаран од недостатокот на одговорност и лидерство на некого. Граѓаните заслужуваат подобро: демократија, владеење на правото и европска иднина. Нема да се откажеме! - порача Хан.
 
Ваквиот став на еврокомесарот за преговори за проширување, доаѓа по изјавите на премиерот Никола Груевски, како и на известувачот за Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл, кој исто така беше присутен на преговорите, дека токму поради Зоран Заев и неговиот став да нема договор, пропадна обидот за ставање крај на политичката криза во земјата.
 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега