Пратениците со полни раце работа

 Во републичкото Собрание за денеска се најавени седници на собраниските комисии за здравство, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог - законот за дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка, во второ читање, на Комисијата за земјоделство Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка.

Точките од комисиите за здравство и за земјоделство се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија, која треба да се изјасни и за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постапка, во второ читање.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега