Инфоден за програмата „Креативна Европа-потпрограма култура“

Министерството за култура денеска во ЕУ Инфо центарот во Скопје организира инфоден за програмата „Креативна Европа - потпрограма култура“. 

Преку презентација на тековни проекти „Реките на Европа“ (RIVE) и „ЕМЕЕ-Евровизија (Музеите ја претставуваат Европа) како примери на добра практика од Република Бугарија ќе биде претставено бугарското искуство со програмата „Креативна Европа-потпрограма култура“. 

На инфоденот ќе бидат презентирани и процедурите за аплицирање и електронската апликација пред претстојниот повик за аплицирање за категоријата „Проекти за соработка“ што треба да биде објавен до крајот на овој месец од Европската комисија. Најавена е и работилница за подготовка на проектни идеи во согласност со критерумите на програмата „Креативна Европа“

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега