Конференција за филантропија

Конференција за филантропија ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Проектот за креирање овозможувачка средина за финансиска одрживост на граѓанските организации, финансиран од ЕУ.

Конференцијата е посветена на промоцијата на стратешкото донирање, а особено на соработка меѓу граѓанските организации и бизнисот.

На  три сесии ќе бидат опфатени областите: соработка меѓу граѓанскиот и бизнис секторот за решавање општествени предизвици, законската рамка за донирање и прибирањето ресурси од бизнис секторот од страна на граѓанските организации.  

Најавени се презентации на резултати од истражување на ставови, верувања и практики за прибирање ресурси и соработка помеѓу граѓанските организации и приватниот сектор и анализа на трошоците и придобивките од даночните поттикнувања во Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега