Заврши големата полициска акција во Ваксинце - уапсен и еден убиец

Полицијата од рано изутрината спроведе акција во кумановското село Ваксинце, каде што илегално престојуваа голем број илегални мигранти. 

Од МВР за потврдуваат дека акцијата е завршена. Според првичните информации, откриени се околу 120 илегални мигранти, од кои триесетина биле сместени по куќи во селото.

Против лица од Вакцинце за кои ќе се утврди дека криумчареле мигранти ќе бидат поднесени кривични пријави.

Во акцијата е пронајдено и едно лице кое се барало по потерница за извршено убиство.

Повеќе информации за случувањата во Ваксинце, МВР најавува во текот на денот

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега