Заев ја турка државата во уште поголема криза

Опозицискиот лидер Зоран Заев со рушење на преговорите кои се одржаа вчера во Брисел прави неповратна штета и ја втурнува државата во уште поголема криза предизвикана од неговото неодговорно однесување.

Без конечен договор завршија преговорите во Брисел за надминување на политичката криза во Македонија, што вчера ги водеа  четворицата македонски политички лидери и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан.

Лидерот на СДСМ самиот ги демантираше неговите соросови медиуми кои синоќа ширеа лаги дека Груевски прифатил техничка влада и негово повлекување и единствено отворено прашање бил периодот на негово повлекување. Премиерот Груевски синоќа изјави дека ако биле точни шпекулациите за техничка влада, договор ќе бил постигнат.

-Да беа точни тие шпекулации, меѓу кои и оваа за техничка Влада, вечерва ќе имавме договор. Зошто немаме договор? Затоа што сите шпекулации кои ги добивавте од страна на СДСМ беа неточни, рече премиерот.

Директен демант за соросовите медиуми стигна и од Заев, кој самиот изјави дека Груевски не се повлекол. Експертите сметаат дека со ова за медиумите на СОРОС уште еднаш се покажа дека лажат и манипулираат. Аналитичарот Александар Пандов смета дека опозициските медиуми свесно ширеа лаги поради стравот од избори, а во насока на уривање на разговорите во Брисел.

Тој додава дека ваквите наслови во соросовите медиуми ќе се покажат како невистинити, со што повторно ќе се докаже, како што вели, нивната платеничка пропаганда насочена кон уривање на разговорите во Брисел.

-Серијата на соросовиот табор понесен од бранот на страв кој го имаат во себе од изборите кои треба да се одржат во април 2016 година и уште повеќе свесни за исходот на тие избори, објавуваат грст лаги и невистини за кои тврдам дека се шпекулации. Ваквите нивни објави се во насока на залажување на својата публика, а се користат со истите методи како Заев, па во рок од еден ден, неколку пати го менуваат ставот. Нивните последни наслови уште вечерва најдоцна утре ќе се покажат како невистинити, а со тоа по кој знае кој пат ќе се докаже дека соросовите портали се платеничка пропаганда на Милчин, Ордановски, Геровски и Фрчковски, изјави синоќа Пандов за Курир,

Со ваквата разврска и рушењето на преговорите од страна на Заев на државата и се заканува губење на препораката од Европската унија,  назначување на специјален пратеник од ЕУ што значи дека државата се става во групата земји со безбедносен и политички ризик, изолирање и неповратна економска штета, несигурност за граѓаните и инвеститорите, кочење на реформите, нетрпеливост и продлабочување на тензијата.

-Човекот дојде да не се договори. Дојде со такви изградени позиции кои главно му ги градат други луѓе кои се блиски до СДСМ. Дали се тоа претставници на невладини организации, дали се одредени универзитетски професори или некои уредници на весници. Тие му ги градат ставовите, тој доаѓа со тоа и прави се за да не се договори. Затоа што договорот ќе значи чист пат за предвремени избори на кои тој треба да се соочи со народот. Не само со Никола Груевски, треба со два милиони гласачи на Македонија да се соочи. Не, тој сака обратно. Да не се случат така брзо изборите, да пропаѓаат вака преговорите за да се одложат и изборите кои минатиот пат се договорија и истовремено економијата да трпи. Доаѓањето на нови инвеститори да се забави или да прекине, да не се отвораат нови работни места, да почне да тоне економијата...И тој тука верува дека ќе го најде својот спас политички, рече Груевски.

Заев повлече чекор како што Фрчкоски, Героски, Милчин и Орданоски му посочија, со што се докажа кој вусшност управува со опозицијата, најтесната соросова клика предводена од споменатите. Дополнително, Заев со тоа покажа дека нема капацитет за лидер и дека партијата ја има препуштено на СОРОС и нивните лични интереси, туркајќи ја државата во нова уште поголема криза.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега