Возач и три деца повредени поради пребрзо возење на автопатот Скопје-Тетово

На автопатот Скопје-Тетово, на близу километар до мостот на реката Вардар, вчера околу 15 часот патничко возило „Поло“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од 60-годишниот гостиварец Ѓ.М. излетало од коловоз и се превртело.

Од СВР Тетово информираат дека од излетувањето и превртувањето, возачот и еден сопатник (дете) се здобиле со телесни повреди и по укажаната помош во тетовската болница се пуштени, а другите двајца сопатници, исто така малолетни деца, задржани се за натамошно лекување, односно опсервација.

По извршениот увид се расветлуваат причините и другите околности во кои се случило излетувањето, додека вкупната материјална штета се проценува на 100 илјади денари. Првично, причина е пребрзо возење.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега