Димовски: Народот памти - опозицијата треба да го знае тоа

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ја социјалната мрежа Фејсбук напиша дека доколку Република Македонија ја загуби препораката од Европската Унија, народот нема да заборави дека тоа би било поради СДСМ, нивните медиуми и лицемерието кое го прикажуваат.

Статусот на Димовски следува по вчерашните 12 часовни преговори во Брисел меѓу еврокомесарот Јоханес Хан и политичките лидери од Македонија за надминување на кризата, кои завршува неуспешно.

-Кога некој од СДСМ, или некој нивен "експерт", или некоја нивна платеничка невладина организација, или некој нивен медиум и новинар, ќе зборува за ЕУ и НАТО треба да им се каже: МРШ ТАМУ ЛИЦЕМЕРИ...Ако РМ ја изгуби препораката за ЕУ многу од нив ќе треба да знаат дека народот памти што зборувале и што правеле, напиша Димовски на Фејсбук.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа