УХМР објави вонредна временска прогноза

 

Од утре нашето подрајче ќе потпадне вод влијание на многу топла воздушна маса од југ, која во наредните денови ќе донесе услови за повисоки дневни температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија во својата вонредна временска прогноза.
Од таму велат дека особено топло ќе биде во понеделник и вторник, кога е можно на повеќе места температурата да надмине 34 степени а во југоисточните делови и до 38 степени.
УВ индексот во овој период ќе се движи меѓу 8 и 9 што е многу висока вредност.

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега