ФОТО: Ова е човекот што си го уби братот на плоштадот во Кичево

osomnicen

Четириесет и две годишниот А.С. од кичевското село Другово е осомничен дека вчера попладне на плоштадот во Кичево го убил брат му и ја ранил снаата.

А.С. со нож му нанел тешки телесни повреди на неговиот брат Арун С. (46) кој подоцна им подлегнал на повредите.  А.С. се обидел од живот да ја лиши и неговата снаа Б.С.(39) која се здобила со повреди нанесени со нож во левото рамо.

Настанот се случил околу 16 часот на плоштадот во Кичево каде сега пријавениот го забележал неговиот, сега починат брат со сопругата. Откако им се приближил од зад грб, А.С. го извадил ножот што го имал со себе и на својот брат му задал повеќе удари во пределот на вратот и лицето. Потоа, со ножот ја нападнал и снаата Б.С. нанесувајќи и неколку убоди во левото рамо. Откако го направил тоа А.С. веднаш избегал од местото на настанот.

По преземени оперативни мерки и по консултација со јавното обвинителство, полициски службеници го пронајдоа А.С. сокриен во куќа во Кичево и го лишија од слобода. Воедно, во куќата пронајден е, и одземен ножот со кој е извршено кривичното дело.

По наредба на Основното јавно обвинителство во Гостивар, врз ножот и други предмети ќе биде извршена криминалистичка обработка а во текот на денот и обдукција врз телото на починатиот Арун С.

Според првичните сознанија, можни причини за сторените дела се од психичка природа, нарушено психичко здравје и нервна раздразнетост на приведениот А.С.  Него, во 2007 година Основниот суд од Кичево му изрекол мерка упатување во установа за лекување.    

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега