Милошоски: Што еден будала може да растури, сто паметни не можат да го поправат

 

За неодговорното однесување на Заев и Шеќеринска, политичките тензии кои ги предизвикуваат и последиците за Република Македонија на својот ФБ профил пишува пратеникот Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи.

Прво, најголемата штета ќе ја претрпи македонското стопанство со предизвиканата политичка неизвесност која значително ќе ги демотивира домашните и странските инвеститори, а тоа ќе резултира со намалување на економскиот раст и ускратување на можностите за отварање на нови работни места. Второ, ваквата хазардна игра ќе нанесе штета на целото македонско општество со тоа што политичките тензии ќе продолжат да се прелеваат врз граѓаните, со заострување на нетрпеливоста меѓу различните политички подржувачи, зголемување на политичката поларизација и зголемување на ризикот за меѓуетнички тензии, пишува Милошоски.

И последно, нагласува тој, жртва на неодговорното политичко однесување на Заев е и уште повеќе ќе биде меѓународниот углед на Република Македонија, на штета на Евро-атланските аспирации на државата, а на задоволство на оние странски фактори кои и досега ги блокираа овие евро-атлантски перспективи на нашата земја.

 

Накратко, ова неодговорно и хазардно однесувањето на Заев може да се опише со една поговорка: "Што еден будала може да растури, сто паметни не можат да го поправат", пишува Милошоски.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега