Дојран ќе добие нова модерна автобуска станица
Општина Дојран денеска најави дека ќе гради нова автобуска станица со која ќе се реши тридеценискиот проблем на туристите за полесно пристигнување и заминување од ова туристичко место.
Досега функционираа неколку автобуски линии, но не и автобуска станица.
- Изработката на документацијата за издавање на одобрение за градба е при крај и веруваме дека до почетокот на шпицот на летната сезона новата автобуска станица ќе профункционира и ќе се реши најголемата забелешка што ја имавме од туристите изминативе неколку години. Ќе добиеме убава и модерна автобуска станица која на туристите ќе им овозможи многу полесно да доаѓаат во Дојран, изјави за МИА градоначалникот Борче Стамов.
Старата автобуска станица во Дојран не функционира од 1988 година така што се верува дека со новата станица и воведувањето на дополнителни редовни линии ќе се зголеми бројот на туристите кои ќе летуваат во Дојран.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа