Удриле во усмртено куче на автопат, тројца повредени

 

На автопатот Тетово-Гостивар синоќа во непосредна близина на клучката за Тумчевиште, патничко возило „БМВ“ со тетовски таблици, управувано од 28-годишниот А.А. од Копанце, налетало и удрило во претходно прегазено куче-бездомник.

Од ударот, тројца сопатници во возилото на различна возраст, се здобиле со телесни повреди, пренесени се во тетовската клиничка болница и по укажаната помош пуштени се на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на несреќата, каде претходно во кучето удрило и го усмртило, исто така, возило „БМВ“, но со гостиварски таблици, што го управувал 48-годишниот Е.М. од Долна Бањица.

Од СВР Тетово информираат дека во изминативе години просечно на годишно ниво на автопатот се случуваат 120 сообраќајни несреќи предизивикани од животни.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега