Проектот „Македонија вработува“ ќе биде претставен во општина Чаир

 

Агенцијата за вработување денеска ќе ги презентира поволностите од проектот „Македонија вработува“ пред граѓаните на општина Чаир.

Штандовите, на кои тимови од Агенцијата ќе ги информираат граѓаните за овој проект, ќе бидат поставени од 18 до 21 часот позади маркетот „Веро“.

Синоќа, со бенефитите од проектот се запознаа жителите од скопската општина Карпош, а претходно и жителите на Аеродром.

Со проектот што го најави Владата се очекува да се зголеми вработеноста. Со него ќе може да се вработат оние коишто се до 35 години старост, а се само три месеци невработени. За нивно вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси три години со обврска една година да ги задржат на работа.

За граѓани од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање на придонеси со обврска работодавачот да ги задржи плус една година на работа.

За оние над 50 години има пет години ослободување од плаќање на придонеси, а за највозрасните над 58 години ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање, како и петгодишно ослободување на плаќање на придонеси за вработените приматели на социјална парична помош, самохраните родители и родителите на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои се без работа. 

Преку проектот за нешто повеќе од еден месец, колкушто се спроведува, работа добиле повеќе од 1.600 лица, од кои деведесеттина постари од 58 години.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега