Мртва жена со изгореници пронајдена пред Куманово

Жител на Младо Нагоричане, синоќа околу 18 часот на неговата нива во месноста Травуљци пронашол  безживотно тело на жена со видливи изгореници по телото, по што веднаш повикал полиција. Припадниците на СВР Куманово, се посомневале дека  се работи за претходно пријавена исчезната жена и ги повикале членовите  на семејството, кои ја идентификувале жената. Се работи за исчезнатата 67 годишна Љиљана С.

На местото каде што е пронајдена жената увид извршиле јавен обвинител и СВР Куманово. Според првичните сознанија, на телото биле видливи изгореници за кои се претпоставува дека настанале од удар на гром. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која ќе ги покаже причинитe за смртта на жената.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега