Дивееле, кршеле и запалиле продавница - хаос во Битола

П.Д.(29) и М.Б.(42), двајцата од Битола заработија кривична за предизвикување општа опасност. Според податоците од полицијата, тие со непознат сторител  околу 01 часот и 30 минути, се упатиле на улицата „Петар Петровиќ Његош“, каде што најпрво со бекатон плочка го скршиле стаклото од излогот на продавница за чевли, а потоа  второпријавениот низ направениот отвор во внатрешноста фрлил стаклено шише со бензин и со запалено крпче во отворот при што предизвикале пожар во продавницата. Од пожарот биле оштетени повеќе рафтови, стотина пара чевли, чанти, три клима уреди, надзорни камери , фискална каса како и други предмети, предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на луѓето, додека пак на оштетениот му причиниле поголема материјална штета која била пријавена од околу 1.500.000 денари.

Двајцата првопријавени го сториле дејството по претходен договор со третопријавениот, кој за таа цел им ветил и непосредно после настанот им исплатил паричен надомест од 300 евра, кој го поделиле меѓусебно. На тој начин третопријавениот ги поттикнал прво и второ пријавените да ги сторат погоренаведените кривични дела. П.Д.(29), М.Б.(42) од порано се познати сторители на кривични дела од областа на имотните деликти, недозволена трговија со дрога, измами и слични дела.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега