ДУИ Чаир: Оди си Ермира Мехмети

Огранокот на ДУИ во скопски Чаир, еден од најсилните партиски ограноци во Македонија, јавно побара од пратеничката Ермира Мехмети да си поднесе оставка на функцијата. Ваквото барање следи откако Мехмети во серија настапи ја критикува партијата за како што таа вели, нејзината слаба позиција во владината коалиција. 

„Лесно е да даваш совети и мислења на телевизија, лесно е да даваш мислења од САД, лесно е да се пишуваат статуси на социјални мрежи. Треба да го кренеш гласот внатре во парламентот и комисиите. Каде беше цело ова време ти како пратеничка од втората изборна единица да го посетиш Диво насеље во Куманово како што вети од Америка, дека од авион ќе отидеш во Куманово, народот те избра да го браниш нивниот интерес од Америка или од тука, да бидеш меѓу нив? Мислиш дека ДУИ се врти околу тебе? Не Ермира, ти почитувана, ти се вртиш околу ДУИ 13 години. Имаме сугестија до тебе, госпоѓа Ермира, да се вратиш на стариот занает, да си ја водиш детската емисија на МТВ. Оди си Ермира“, стои во статусот објавен на профилот на ДУИ-Чаир кој беше објавен синоќа околу 22:30 часот, за време на емисијата, а подоцна беше избришан

 

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа