Жешка шлаканица за опозицијата од ЕК за обвинувањата кон Хан

Обвинувањата од опозицијата и СДСМ за пристрасност на комесарот Јоханес Хан во македонската криза се комплетно неосновани, а политичките лидери треба да се фокусираат на постигнување финален договор затоа што вперувањето прст кон комесарот не им помага и уште полошо- не и помага на земјата, изјави денес во име на комесарот Јоханес Хан, портпаролката на ЕК Маја Коцијанич.

Во својата реакција ЕК вели дека, секое обвинување кое ја доведува во прашање непристрасноста на комесарот Хан и неговите напори да ги олесни разговорите кои треба да дојдат до решение на кризата се целосен нонсенс и немаат никаква основа.

Напротив, комесарот, заедно со европските пратеници, земјите членки и САД, работи со напор и непристрасност за да се олесни компромисот помеѓу лидерите. Комесарот ја има целосната поддршка на земјите членки во овие напори чија цел е поддршка на земјата и граѓаните. Ние разговаравме со повеќе министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ вчера и тие целосно го поддржуваат нашиот пристап, вели Хан преку соопштението на неговата портпаролка.

Хан изразува подготвеност да продолжи со неговата улога во македонските преговори како чесен посредник доколку тоа биде потребно.

Тој додава исто така дека договорот од 2 јуни ги содржи сите елементи на добар компромис и прецизира дека треба да се одржат слободни и фер избори порано отколку што беше предвидено и дека во договорот има јасна заложба на лидерите за реформи во полето на владеењето на правото или изборните реформи.

СДСМ и нејзините поддржувачи имаа остри неосновани критики кон Хан веднаш по неговата изјава во Вашингтон. Опозицијата обвинуваше и ширеше ггласини за наводна пристрасност на еврокомесарот Хан, во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Кон нападите врз Хан се приклучи и опозицискиот лидер Зоран Заев на прес-конференција во која првично објави дека нема да присуствуваат на преговорите во Брисел. 

-Изјавата во Вашингтон на Јоханес Хан, комесарот за проширување на ЕУ, содржи елементи на пристрасност и е несоодветна во подготвителен период пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на еврокомесарот Хан за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ, ниту ЕУ досега не констатираа дека Извештајот за изборите во Македонија е позитивен, рече Заев.

Во острите напади кон Заев веднаш се приклучи најтесната соросова клика предводена од главниот опозициски стратег Бранко Героски и Љубомир Фрчкоски. Напаѓајќи го Хан, Героски на неговиот портал Плусинфо, пишуваше дека преговорите се минирани и дека еврокомесарот Хан “говори се најдобро за режимот на премиерот Груевски, а се обидува да го „превесла“ СДСМ“.

6500000Untitled-5

785500000Untitled-6

Перјаникот на СДСМ Љубомир Фрчковски и новинарот близок до СДСМ Бранко Тричковски, исто така се приклучија на острите критики кон Хан.

-Тоа не е слободна зона на неговите уверувања, туку зона на кршење на сите начела и прописи на организацијата што го избрала, сè до зоната на кривичната одговорност за соучесништво и помагање во најтешките форми на криминал!, пишуваше Тричковски.

Обвинувањата на опозицијата кон Хан стигна доттаму што дури некои нејзини поддржувачи тврдеа дека Хан можеби бил поткупен. Таков беше примерот со соросовиот активист, актерката Синоличка Трпоковска, која обвини дека можно е комесарот Јоханес Хан да е поткупен.

-Нема да ја исклучам можноста дека Хан би можел да биде “(пот)купен”.

sinolickaUntitled-4

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа